Skip to main content

Кривична пријава за насилство врз дете во Пештани, три лица приведени

Три лица од Битола се осомничени за насилство врз дете во Пештани, откако при физички напад врз неговиот татко, малолетникот се здобил со телесни повреди.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против три лица од Битола, на возраст од 22, 25 и 47 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

Според информациите од полицијата, на 23 август 2026 година, во охридското село Пештани, пријавените физички нападнале лице кое во рацете го држело своето малолетно дете. Во нападот, детето се здобило со телесни повреди.

По брза интервенција, полициските службеници ги пронашле и ги лишиле од слобода осомничените лица.