СВР Охрид
Кривична за охриѓанец кој нелегално доградил објект и узурпирал државно земјиште
Тој, на катарстарска парцела во Охрид, без да поседува соодветна документација за градба издадена од надлежен државен орган, извршил доградба на деловен простор со имотен лист во државна сопственост.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење” и „узурпација на недвижности”.
„Тој, на катарстарска парцела во Охрид, без да поседува соодветна документација за градба издадена од надлежен државен орган, извршил доградба на деловен простор со имотен лист во државна сопственост. Вонреден инспекциски надзор извршил овластен градежен инспектор при општина Охрид, кој констатирал дека пријавениот доградил и узурпирал државно земјиште без да поседува одобрение за градба.“ – информираат од СВР Охрид.