Skip to main content

Кривична за охриѓанец кој поседувал огнено оружје без дозвола

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид поднесе кривична пријава  против 67- годишен охриѓанец.

 |  Голабовски Крсте  | 
pishtol
Пиштол

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид поднесе кривична пријава  против 67- годишен охриѓанец.

policija-На втори април годинава околу 21 часот, во селото Горно Лакочереј при извршен преглед врз пријавениот, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол марка „Валтер“ со калибар девет милиметри и еден куршум кратко зрно од истио калибар.Рачното огнено оружје е забележано во џеб од горната облека при преземање мерки за утврдување на идентитетот на сега пријавениот, а по претходно пријавена сообраќајна незгода и нарушување на јавниот ред и мир во селото Горно Лакочереј, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Одземеното огнено оружје и другите предмети лице се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

{loadposition content9}