СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“.
– Тој, во текот на 2024 година во повеќе наврати сексуално злоупотребувал малолетничка од Охрид, која во март 2025 година се породила. На пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од СВР Охрид.