Кривична за охриѓанец кој вршел тешки кражби
СВР Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „Тешка кражба“ и едно дело „Кражба“, поднесе кривична пријава против 24 годишен охриѓанец. Во пријавата е опфатена и 18 годишна девојка од охридското село Велгошти по основ помагање на сторител во извршено кривично дело.

Пријавениот С.А. кривичните дела ги извршил во текот на изминатите два месеца во различни временски периоди. Користејќи подесен алат и физичка сила, тој ги кршел бравите од влезните и балконските врати на становите и куќите во Охрид по што одземал пари, златен накит, мобилни телефони и други вредни предмети. На тој начин се стекнал со против-правна имотна корист од 97000,оо денари.
Преку отворена балконска врата С.А. влегол во стан на улицата „Охридати“ каде пронашол 300 евра, 2000 денари и мобилен телефон. На ист начин влегол и во куќа на улицата „Крсте Мисирков“ чиј сопственик се наоѓал во САД и одзел 400 американски долари и 4000 денари. При извршувањето на кражбите С.А. пронаоѓал и одземал австралиски долари, албански леки и лични документи.
Второпријавената К.Д. која е опфатена со кривичната пријава, во временскиот период од 13 август до 10 септември оваа година, во својот дом го криела С.А. иако знаела дека бил избеган од казнено поправната установа во Струга каде бил на издржување затворска казна.
{loadposition content9}