Кривична пријава за бесправно градење и узурпација на државно земјиште во Трпејца
Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот.

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 43-годишно лице од охридското село Лескоец поради сомнение дека сторило кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Пријавениот на катастарска парцела во државна сопственост во селото Трпејца неовластено изградил индивидуална семејна куќа без одобрение за градба издадено од надлежен орган, информираа од СВР Охрид.
Надлежните институции преземаат понатамошни мерки за расчистување на случајот.




