Кривична пријава за охриѓанец кој му се заканувал на градоначалникот
СВР поднесе кривична пријава против 46 годишен охриѓанец.
Секторот за внатрешни работи Охрид, против С.Д.(46) од Охрид поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Загрозување на сигурноста“. Истражен судија при основниот суд во Охрид му одреди мерка притвор во траење од осум дена.
Пријавениот, на 17-ти овој месец преку возач вработен во локалната самоупра ва, упатил сериозни заканителни и навредливи зборови кон актуелниот градоначалник на Охрид. Заканите С.Д. ги упатил откако на мобилен телефон му се јавил на вработен возач во локалната самоуправа при што од него добил одговор дека со заканите ќе го запознае градоначалникот. На 13-ти овој месец околу 12 часот, пријавениот С.Д. влегол во канцеларија на друг вработен во општината и од него побарал да го запознае градоначалникот со неговото барање за исплата на пари кои тој ги побарувал од локалната самоуправа за извршени работи во времето на претходниот градоначалник. И во таа прилика, пријавениот манифестирал недолично однесување и видно револтиран до градоначалникот упатил сериозни закани и навредливи зборови, велат од СВР Охрид.
„Во текот на вчерашниот ден пријавениот е повикан на разговор во СВР и во разговор со него констатирани се елементи на постоење на казненото дело, загрозување на сигурноста. Упатените закани кои ги испратил пријавениот преку двајцата вработени во локалната самоуправа преставуваат сериозни закани кои се однесуваат директно на актуелниот градоначалник“, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Димоски додава дека против пријавениот С.Д. СВР Охрид и досега има поднесувано кривични пријави по повеќе законски основи. Последната пријава била поднесена во месец март за закани кон поранешниот директор на ЈП Охридски Kомуналец.
{loadposition content9}