Skip to main content

Кривична пријава за поранешен директор на МЈП „Проаква“ – Струга

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Т.(53) од Охрид, поранешен директор на МЈП „Проаква“-Струга, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
Лого

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Т.(53) од Охрид, поранешен директор на МЈП „Проаква“-Струга, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

проакваПријавениот, како директор на претпријатието на седница на управниот одбор во 2009 година предложил поради превработеност и тешка материјална состојба да бидат прогласени 23 вработени како технолошки вишок во РЕ „Водовод“-Охрид која е дел од МЈП „Проаква“-Струга.

Пријавениот ги довел во заблуда членовите на управниот одбор предлагајќи да донесат одлука на овие вработени противзаконито да им се даде надомест од 60 идни плати на товар на јавното претпријатие и исплата на еднократен надоместок од по 8.000 денари по работник. По донесувањето на одлуката од страна на управниот одбор, Б.Т. потпишал поединечни договори со 23-та работници за исплата на 60 плати, при што со ваквите дејствија претпријатието е оштетено за 6.365.671 денари.

{loadposition content9}