Skip to main content

Кривична пријава за продажба и овозможување употреба на дрога во Охрид

Kaj 31-годишен жител на тетовското село Брвеница, во угостителски објект на улицата „Наум Охридски“ во Охрид полицијата пронашла кокаин.
 |  инфодеск  | 
Policija ugostitelski objekti

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишен жител на тетовското село Брвеница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „Овозможување на употреба на наркотични дроги“.

Според информациите од полицијата, на 31 јули 2025 година, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид извршиле контрола во угостителски објект на улицата „Наум Охридски“ во Охрид, при што кај пријавениот бил пронајден и одземен кокаин.