Skip to main content

СВР Охрид

Кривична пријава против охриѓанец бидејќи изградил семејна куќа без решение

На катарстарска парцела на улица „Беќир Алириза” во Охрид, спротивно од Законот за градење и без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен државен орган, изградил семејна куќа.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53 годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Бесправно градење”. На катарстарска парцела на улица „Беќир Алириза” во Охрид, спротивно од Законот за градење и без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен државен орган, изградил семејна куќа. Неправилностите биле констатирани при вонреден инспекциски надзор извршен на 30.10.2024 година од овластен градежен инспектор при одделение за инспекциски надзор при општина Охрид, кога е донесено решение за отстранување на градбата, информираат од СВР Охрид.