Skip to main content

Вршел јавен превоз без лиценца

Кривична пријава против охриѓанец

64-годишен охриѓанец доби кривична пријава за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Јавен превоз

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К.(64) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”.

При контрола, извршена на 15.10.2022 на пресекот на улиците „Питу Гули” и „Марко Нестороски” во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот при управување на такси патнички автомобил „фолксваген голф” и констатирале дека нема соодветна лиценца за вршење јавен такси превоз во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.