Skip to main content

СВР Охрид

Кривична пријава за работници на „Синохидро” за оштетување на електрични кабли

Предизвикале прекин на снабдувањето на електрична енергија на повеќе правни и физички лица во општина Дебрца. Со тоа, предизвикале материјална штета од околу 502 000 денари, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
 |  инфодеск  | 
Автопат Кичево Охрид

СВР-Охрид поднесе кривична пријава против 56 годишно лице од Народна Република Кина, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уништување или оштетување на јавни инсталации” и „несовесно работење во службата”,  како и против 62 годишно лице од Охрид, за кривично дело „несовесно работење во службата”.

„Двајцата, вработени во градежната фирма „Синохидро”, со неизвршување на своите службени должности за известување на поставена подземна инсталација на автопат во изградба, предизвикале оштетување на електрични кабли сопственост на ЕВН Македонија по што, настанал прекин на снабдувањето на електрична енергија на повеќе правни и физички лица во општина Дебрца. Со тоа, предизвикале материјална штета од околу 502 000 денари.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.