Skip to main content

Кривична пријава за раководителката на „Сузуки-МТ“

Не е изречена мерка притвор, а целата постапка ќе се решава по редовна процедура.

 |  Голабовски Крсте  | 
parking
паркинг

Фирмата „Сузуки-МТ“ и ракводителката на ова правно лице заработија кривични пријави од СВР Охрид. Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид, информира дека пријавите се поднесени во врска основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.  Димоски додава дека само во текот на вчерашниот ден до СВР-Охрид поднесени се околу дваесеттина жалби и поплаки на граѓани за наплата на паркинг места, кои со одлука на Општина Охрид веќе не претставуваат паркинзи под концесија на  правното лице „Сузуки-МТ“.

parking„Оваа одлука односно известување на Градоначалникот на Општина Охрид, до правното лице е доставена на четврти овој месец. И покрај тоа правното лице во текот на вчерашниот ден продолжи со наплата на околу 308 паркинг места, во централното градско подрачје. Со одлука на раководителот на правното лице во текот на вчерашниот ден во работното време од 08:30-14:30 ангажирани биле вкупно 10 вработени лица на ова правно лице, опремени со фискални апарати со цел да вршат неоснована наплата за паркинг просторите“ објаснува Стефан Димоски, портпарол на СВР-Охрид.

После поплаките од охриѓани од СВР-Охрид извршен е мониторинг на тие паркинг простори и констатирано е  дека  вработени во Сузуки МТ продолжиле да вршат наплата и покрај тоа што биле усно информирани дека работат нелегално, а по наговор на раководителката на ова правно лице. Во текот на вчерашниот ден, низ разговор, раководителката била информирана дека има елементи на казнено дело „узурпација на недвижности“, за да доцна синоќа со кривична пријава е предадена во Основниот суд во Охрид. Не е изречена мерка притвор, а целата постапка ќе се решава по редовна процедура, информира Димоски.

{loadposition content9}