Skip to main content

СВР Охрид

Кривична пријава за директор на Центарот за култура „Григор Прличев“

Од најновиот билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 

 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

– Во периодот на 2023 година, во својство на директор на Национална установа – Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, за време на одржување на фестивал на народни песни и игри 2023 година, за сместување на 72 лица, од туристичка агенција им била издадена фактура во износ од 387.450 денари. По извршените проверки било утврдено дека во книгата на евиденција биле запишани 48 лица, при што е констатирано дека Националната установа, претставувана од пријавениот, била оштетена за износ од 151.290 денари, информираат од МВР.