Skip to main content

Вршел јавен превоз без лиценца

Кривична пријава за охриѓанец

Поднесена е кривична пријава против 50-годишен охриѓанец, за сторено кривично дело вршење јавен превоз без лиценца.
 |  инфодеск  | 
Јавен превоз

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(50) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид.

При сообраќајна контрола, извршена на 03.10.2022 година на улица „7 ноември” во Охрид, полициските службеници го затекнале И.С. при управување со такси патнички автомобил „Мерцедес”, сопственост на правниот субјект и превоз на патници, без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.