Свр билтен
Кривична пријава за жител на Љубаништа
Кривична пријава против жител на Љубаништа, вработен во НП „Галичица“ кој дозволил бесправна сеча на 377 стебла и се стекнал со противправна имотна корист во износ од 114.150 денари.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.С.(63) од селото Љубаништа, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.
Во текот на 2022 година, пријавениот, како вработен во Национален парк „Галичица”, ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што на катастарски парцели во владение на Национален парк „Галичица” свесно дозволил бесправна сеча на 377 стебла и со тоа се стекнал со противправна имотна корист во износ од 114.150 денари – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


