Skip to main content

Напад врз службено лице

Кривична пријава за жител на Мешеишта

СВР поднесе кривична пријава против 34-годишен жител на селото Мешеишта кој во угостителски објект нападнал полициски службеници.
 |  инфодеск  | 
Полиција

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи од областа на безбедноста”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Т.(34) од охридското село Мешеишта.

Тој, на 06.05.2022 година во 00.50 часот, во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид, бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Него, одредена му е мерка притвор во траење од осум дена – информираат од СВР Охрид.