СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против 21-годиишник од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
„На 8-ми март 2024 година, околу 11:30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „ Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија турнал 39-годишна жена од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Второпријавениот, кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело. “ – информираат од СВР Охрид.