Skip to main content

Кривична пријава за лице од Пештани за узурпација на плажа

Според информациите од полицијата, пријавениот неовластено зазел катастарска парцела во државна сопственост, односно плажа на Охридското Езеро.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47-годишен жител на охридското село Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Според информациите од полицијата, пријавениот неовластено зазел катастарска парцела во државна сопственост, односно плажа на Охридското Езеро, која е под посебна заштита на државата и УНЕСКО.

Како што информираат од СВР Охрид, тој неовластено ангажирал работници со цел изградба на импровизиран мост до соседната плажа.