СВР Охрид
Кривична за велгоштанец кај кого била пронајдена марихуана
При преглед, извршен на локален пат во селото, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. – информира портпаролот на СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23 годишно лице од охридското село Велгошти поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “.
„При преглед, извршен на локален пат во селото, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


