Skip to main content

Узурпација на недвижности

Кривична за четворица прилепчани кои узурпирале плажа во Љубаништа

Кривична пријава за 4 лица од Прилеп кои узурпирале плажа кај Љубаништа. Тие без одобрение поставиле шатори, камп приколки и возила адаптирани за кампување.
 |  инфодеск  | 
Полиција

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.Б.(64), М.И.(67), П.С.(41) и Б.Р.(63), сите од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности”.

Тие, на 19.08.2022 година, во атарот на охридското село Љубаништа, неовластено зазеле плажа покрај брегот на Охридското Езеро во државна сопственост и без одобрение од надлежен државен орган, противправно поставиле камп единица, составена од шатори, камп приколки и моторни возила адаптирани за кампување – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.