Skip to main content

Свр охрид

Кривична за жител на Белчишта поради измама

42-годишен жител на селото Белчишта, доби кривична пријава за сторено кривично дело измама, информира портпаролот на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Полициско возило

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(42) од селото Белчишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.

Тој, на повозрасна жителка на Охрид, доведувајќи ја во заблуда и ветил дека ќе и овозможи престанок на должнички однос во една финансиска институција, која претходно и одобрила кредит. Притоа, од оштетената побарал и добил 24000 денари – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.