Skip to main content

Кривични пријави против тројца албански државјани за незаконит риболов

Со пловни објекти, илегално ја преминале македонско-албанската државна езерска граница и вршеле незаконит риболов во македонски територијални води.
 |  инфодеск  | 
Езерска полиција

Во периодот од 06. до 08.03.2026 година, во две одделни акциски контроли, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро”, во водите на Охридското езеро од слобода ги лишија Ј.Ц.(53), Е.Б.(50) и А.Ш.(21), сите од Република Албанија.

– Тие, откако со пловни објекти, илегално ја преминале македонско-албанската државна езерска граница, од полициската патрола се затекнати во македонските територијални води при вршење на кривично дело „незаконит риболов”,  по што, по наредба на јавен обвинител, одземени им се пловните објекти и рибарските мрежи со уловот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По целосно документирање на случаите, против овие лица се поднесени пријави по член 229 од Кривичниот законик – „незаконит риболов” и по член 9 од Законот за гранична контрола – „илегално преминување на државната граница, соопштија од полицијата.