СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.З.(37) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”. Тој, на 05.05.2022 година, на приватен имот кај „Св. Еразмо” физички го нападнал С.М. од Охрид, а потоа со остар предмет му упатил закани.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Б.(41) од Охрид. Тој, на 07.06.2022 година со тврд предмет упатил закани по животот на Д.Б. од Охрид.