Крлеска одби дуел со Пецаков на ТВМ
ТВМ телевизија, како објективен и ценет ТВ медиум испрати покана за дебата до градоначалникот Кирил Пецаков и претседателката на ОО СДСМ Охрид.
Пецаков веднаш прифати учество во дебатната емисија „Прашалник“, додека Кристина Крлевска Деспотоска одби. Го пренесуваме нејзиниот одговор:
Локалните избори беа пред само 7 месеци. Дебати, претставувања и што е најважно ветувања, изнаслушавме. Сега ќе ги почекаме резултатите, со задоволство ја прифаќам поканата, но малку подоцна, кога ќе дојде време. Сега е време конечно да видиме реализацијата од ветеното, работа и резултати па да дебатираме за сработеното. Сработеното од минатата локална самоуправа беше предмет на широка дебата во тек и на целиот мандат и во кампањата и на локалната, но и на целата јавност во државата – вели Крлевска Деспотоска.
Дебатата е основа на едно демократско општество, партиските лидери и политичките избраници се должни да даваат отчет пред граѓаните. Да учествуваат во ТВ дебати, дуели и да ги истакнат спротиставените ставови. Дебатите се нужни на дневна, неделна, месечна основа, со цел јавно да се продискутира за проблемите на граѓаните, за сработеното од страна на власта, критика за несработеното од страна на опозицијата…
За жал, мора да напоменеме дека претставниците на СДСМ години наназад одбиваат учество во дебати на ТВМ телевизија, иако секогаш биле уредно поканети. Со чест на исклучоци на одредени носители на функции.