Крлев го најави проектот за целосна реконструкција на пешачката патека од Мостот до Горица 1
Пешачката патека од Мостот до Горица 1 е место кое го знае секој охриѓанец и турист, но денеска таа изгледа запуштено, со оштетена подлога, слабо осветлување и без основна урбана опрема, кажа на денешната прес конференција кандидатот за советник од СДСМ и коалицијата, Јован Крлев. Посочи дека е време да се смени таа слика и го најави проектот за ревитализација на пешачката патека.
„ Со задоволство го најавувам проектот на СДСМ Охрид за целосна реконструкција на оваа патека – проект што ќе ја направи оваа траса безбедна, убава и достапна за сите.Во овој проект ќе биде опфатена замена на целата подлога со нов асфалт или квалитетни плочки, поставување на ново ЛЕД осветлување, за безбедно движење навечер, поставување на клупи, канти за отпадоци и информативни табли, озеленување и уредување на околината. Исто така ќе се обезбеди и достапност и за лица со попреченост со соодветни рампи.“ – кажа Крлев.
Оваа патека не е само пат , рече Крлев, таа е простор за прошетка, рекреација и дружење. Со нејзино уредување, Охрид добива атрактивна и функционална зона.
„Проектот ќе се реализира брзо, ефикасно и транспарентно. Без празни ветувања, само со реална работа за подобар Охрид. Охрид заслужува уредени јавни простори, чиста околина и инфраструктура што служи на граѓаните.“ – потенцира Крлев.
Крлев ги повика граѓаните на локалните избори да го поддржат тимот на СДСМ Охрид под реден број 5 за конкретни, видливи и корисни проекти.