Кротењето на опаката со Украински актери
Украински актери од реномираниот и најстар, Саксагански театар од Киев, гостуваат на фестивалот Охридско лето. Настапуваат со театарската претстава „Кротењето на опаката“ од Шекспир. Сања Арсова, селекторка на драмскиот дел од музичко сецнската манифестација, го најави почетокот на интернационалната драмска програма.
Големо е задоволството во овие тешки воени услови во животот на Украинците, да имаме гости од оваа земја. Упатувам благодарност до Украинската амбасада која ни помогна во контактите да се реализира нивното гостување – кажа Арсова.
Украинските актери најавуваат нова и свежа интерпретација на Шекспировото дело. Веруваат дека претставата ќе и се допадне на публиката. „Кротењето на опаката“ е во режија на Викторија Шевченко, а главните улоги Катерина и Петручио ги толкуваат младите актери Маргарита Овчарова и Владислав Красиков.
Режисерката има сменето се, пристапот кон силината на личностите,костимографијата. Нашата режисерка имаше храброст дури и да преправи делови од Шекспир. Малку го скрати, нешто презеде, а додаде и нешто ново. Ќе ви се допадне. Современата интерпретација на Шекспир ќе е интересна за многумина. Современото прикажување на Шекспир нема да ве остави рамнодушни – вели Овчарова.
Актерот, Владислав Красиков сподели како Украинските актери живеат и работат во овие тешки моменти на воена агресија врз нивната земја. Денес, сме овде со вас и сакаме да подариме дел од нас, од нашата душа и култура, напомена Красиков.
Ние уметниците живееме за театарот. Не не остава желбата да и се вратиме на сцената и на публиката за да ги чуеме овациите – кажа Красиков.
Виталиј Томњук, директор на Саксагански театар од Киев, напомена дека гостувањето на Фестивалот Охридско лето е нивно прво сценско појавување од почетокот на војната во нивната земја.
Од првиот ден на војнатат сите членоив на театарот се вклучени во обезбедување на брза победа на Украина против Русија. Театарските работнци во последните месеци имаат собрано 40 тони хуманитарна помош за окупираните градови. Актерите не излегуваат на сцена туку собираат хуманитарна помош, приоритетни потреби за луѓето од линијата на фронтот, за војската – раскажува Томњук.
Украинските актери ќе ја изведат театарската претстава „Кротењето на опаката“ во предворјето на црквата „Св. Софија“. Претставата е со почеток во 21 часот.