Skip to main content

„Крпен живот“ во „Заливот на коските“

„Заливот на коските“ кај кампот „Градиште“ – метафорично ја надополнува приказната за Мариово и  тамошниот живот, велат оние кои го  направија ова дело.

logo
лого

„Заливот на коските“ кај кампот „Градиште“ – метафорично ја надополнува приказната за Мариово и  тамошниот живот, велат оние кои го  направија ова дело.

presФестивалот „ Охридско лето“ се претставува на нова сцена. Наколната населба кај „Заливот на коските“ е местото каде ќе се одигра претставата „ Крпен живот“ во режија на Владо Цветановски, а во продукција на младата екипа на прилепскиот театар. „Претставата е работена како лабораториски проект, проект на истражување во дамарите на македонската историја, освојувајки нови простори“, вели Ѓорѓи Јолевски, селектор на фестивалот.

„Со ансамблот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп сум работел во повеќе наврати“, вели Владо Цветановски, режисер на претставата.„ Сега во Прилеп има атмосвера, како во ниеден друг театар во Македонија. Континуитетот на претставите кои таму се играат го докажува тоа“, вели режисерот.„ Процесот на градење на ова дело ја доживеа својата кулминација на 28ми и 29ти јули во Витолиште, кога двапати ја одигравме претставата“, вели Цветановски.

„Сцената и просторот на кој ќе се одигра претставата ги задоволува сите визуелни, естетски и амбиентални услови за одржување на истата“, вели сценографот Владо Ѓоревски. Постои одредена метафора која сама по себе го оправдува спојот на делото и просторот“, додава Ѓоревски.

„Целокупното работење на претставата беше една извонредна авантура“, вели актерот Кирил Ристовски, кој го толкува главниот лик.„ Упорноста на режисерот вроди со едно прекрасно дело„, вели тој.

Претставата „Крпен живот“ ќе се одигра на несекојдневна сцена, а ќе можат да ја погледнат повеќе од 150 посетители.

{loadposition content9}