Со есенската убавица хризантема украсени кружните сообраќајници и дворот на општина Охрид.
На кружните сообраќајници во градот, како и во дворот на општина Охрид, се засадени 500 хризантеми кои со својата убавина, богатството од цветови и бои, претставуваат вистински декор и рај за очите.
Започнуваат припреми за засадување на цветниот расад виола (очиња) кои ќе ги красат парковите до пролетниот период. Се предвидува да се засадат 40.000 садници виола од сопствено производство, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.