Skip to main content

Лондонската „Крвава свадба“ премиерно на Охридско лето

Режисерката Паскал вели дека особено ја интересира моралот зад политичкото насилство па во таа насока ја напишала и оваа претстава на покана на драмскиот селектор, Ѓорѓи Јолевски.

 |  Мишел Наумоски  | 
ohridsko leto
охридско лето

Премиерна изведба на претставата „Крвава свадба“ на Охридско лето. Ова драмско дело произлегува од уметничката работилница на Џулија Паскал театарот од Лондон. Режисерката Паскал вели добила лична покана од драмскиот селектор на фестивалот,  Ѓорѓи Јолевски да ја напише оваа претстава.

Julia PascalПолитичкото насилство и моралот кој стои или треба да стои зад него е од особен интерес за неа. Инспирирана од едно предавање на Џорџ Стајнер за моралот на национализмот, Паскал ни откри како дошла до идејата за оваа претстава.

„Замислив жена полицаец која стои пред терорист и тој терорист е човекот кој ја поставил бомбата што го убила свршеникот на жената. Дали таа треба да го измачува терористот за да дознае дали има поставено бомби на други места. И тогаш започна претставата.“-рече режисерката, Џулија Паскал.

Паскал смета дека уметноста има големо влијание врз политичкото насилство затоа што го менува начинот на кој луѓето размислуваат. Ве присилува да ги земете во предвид патиштата по кои морате да тргнете. Кога убивате некого, ја убивате човековата можност за генијалност.“-вели таа. Дел од оваа претстава покрај главниот лик кој го игра Ана Сава, е и македонецот, Димитрие Доксевски.

Dimitrie Doksevski„Имаме еден краток период од три дена да сработиме едно големо дело, да сработиме премиера, светска премиера која што ќе биде изведена токму на овој фестивал. Задоволството е големо, концентрацијата на пробите исто така, меѓутоа јас сум тотално исполнет и среќен дека сум дел од оваа продукција.“-вели Димитрие Доксевски кој го игра терористот во оваа претстава.

Драмата „Крвава свадба“ го истражува моралот на измачувањето. Дали е исправно да се брутализира некој со цел да се добие информација која ќе ги спаси другите или дали измачувачот ја губи хуманоста со тоа што постанува толку суров колку и убиецот. Место на одигрување на претставата е Центарот за култура „Григор Прличев“.

{loadposition content9}