Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузиона медицина-Охрид, на 10-ти мај (вторник) од 10-14 часот на Факултетот за туризам и угостителство, ќе организира крводарителска акција.
Својата хуманост, дарувајќи крв ќе можат да ја искажат студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид, но и секој заинтересиран наш сограѓанин – информираат од Црвен крст Охрид.
Крводарителската акција е во рамки на одбележувањето на Неделата на Црвениот крст под мотото „Биди човечен“.