Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св. Климент и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св. Климент Охридски“ (спортска сала) во Охрид денес, 8 август (понеделник) во периодот од 19-24 ч. и утре, 9 август (вторник) во периодот од 9-13 ч.
Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период, за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална крводарителска акција – велат од Црвен крст Охрид.