Утре, 28.05.2024 год, во периодот од 10 до 14 часот , во НУЦК „Григор Прличев“ ќе се спроведе крводарителска акција.
Од организацијата на Црвен Крст – Охрид, ги повикуваат сите граѓани кои се во можност да ја искажат својата хуманост, да ја даруваат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот.
Оваа крводарителска акција е дел од програмата за дарување крв од програмата на Црвен Крст за 2024 година.