Спаси живот биди нечиј херој
Крводарителска акција во ОЕМУЦ
Од Црвен Крст најавија уште една средношколска крводарителска акција. Среда од 9 до 12 часот во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
Во среда од 9 до 12 часот во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе се реализира средношколска крводарителска акција.
Оваа среда ги покануваме сите хумани средношколци од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” кои можат да даруваат да им помогнат со својата крв на оние на кои тоа им е најпотребно. Уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост како граѓани на Охрид – велат од Црвен Крст Охрид.


