Викендов Црвен крст Охрид ќе ја спроведе традиционалната крводарителска акција „Плаошник“
Акцијата ќе се одржи во спортската сала на Основното училиште „Свети Климент Охридски“.

Општинската организација на Црвен крст Охрид и оваа година ќе ја реализира традиционалната крводарителска акција „Плаошник“, по повод празникот Свети Климент.
Акцијата ќе се одржи во спортската сала на Основното училиште „Свети Климент Охридски“.
Во сабота, 8 август, крводарителската акција ќе се реализира во периодот од 19:00 до 24:00 часот, додека во недела, 9 август, граѓаните ќе можат да даруваат крв од 10:00 до 14:00 часот.
Од Црвен крст Охрид ги повикуваат сите хумани граѓани да се приклучат на акцијата и со дарување крв да помогнат во спасување човечки животи.







