Крводарувањето во Охрид е на високо ниво
Крводарувањето во Охрид е на високо ниво.
Славјанка Атанасова е млада девојка која досега три пати дарувала крв. Задоволна сум од сознанието дека сум дарувала крв и сум помогнала кога тоа било најпотребно , вели оваа хумана девојка. Славјанка напоменува дека да стане крводарител била поттикната од семејството. Го следи примерот на нејзиниот татко Ацо Атанасов кој исто така е крводарител.
„ Го гледав татко ми знаев дека оди на крводарителни акции го гледав и имав желба и јас да дарувам. Кога наполнив 18 години и кога имав право да дарувам крв дарував и не беше старшно, се чувствував исполнето и продолжив да дарувам крв и после првиот пат“, раскажува Славјанка.
Ацо Атанасов е активен крводарител. Горд е што неговите стапки ги следи и ќерка му Славјанка. Прв пат дарувал крв во далечната 1981 година и неговата хуманост трае се до денес со 30-тина пати подарена крв. Атанасов вели по крводарувањето се чуствувам корисно и хумано. Алтруизмотот е врвна одлика на еден крводарител, додава тој.
„Човекољубието е она што треба да го краси еден крводарител и би било убаво што повеќе од нас да се крводарители. Но, не секогаш е така и не станува збор за недостаток на алтруизам туку пречка се здравстени причини и не може секој да биде крводарител. Но, затоа може да бидеме хумани и корисни помагајќи околу крводаритетсвото и оние кои даруваат крв “, посочува Атанасов.
Покрај бројните охриѓани кои даруваат крв е и нашиот сограѓанин Тони Симоноски. И неговиот став кон крводарувањето како и кај Атанасови е исто така позитивен.
„Чест и гордост ми е да бидам хуман. Да се дарува крв е нешто најхумано и свето бидејќи на некого му е потребна таа течност која ја даруваме“, кажува Симоноски.
Крводарувањето во Охрид е на високо ниво, информираат од ОО Црвен крст. Мината година биле реализирани 1734 дарувања крв, а предвидениот план бил надминат за околу 3 проценти, вели волонтерот Анета Јованоска. Успешната реалзиација се должи на програма за мотивација на крводарителите за доброволно дарување на крв и со организирање на редовни и вонредни крводарителни акции. Младите охриѓани доброволно се вклучуваат и го следат примерот на ветераните крводарители кои даруваат и по 100 -тина пати.
„ Во тек на една година се реализирани повеќе крвни единици предложени со план и работа. Неколку од нив се посебно за млади крводарители во кои е нашата надеж. Средношколците со 18 години и студентите кои ја друваат на крводарителни акции кои се собираат во средните училишта и факултетите“, напоменува Јованоска.
Денес се одеблежува денот на крводарителите на Р.Македонија. ОО на Црвен крст свеченост по повод тој ден ќе одржи утре. Благодарност и почит на крводарителите ќе им биде изразена на поединци, фирми иинституции кои го помагале развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца.
{loadposition content9}