Skip to main content

Кој замижува пред проблемот со кучињата скитници во градов

Кучиња скитници заедно со туристите се шетаат низ центарот на градот. Граѓаните реагираат дека ова не доликува за туристички центр како што е Охрид. Бараат конечно да се најде решение за овој долгогодишен проблем.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Кој замижува пред проблемот со кучињата скитници во градов. Граѓаните револтирано велат дека овај сериозен проблем години наназад се става под тепих од страна на надлежните. Воопшто не е пријатна сликата на кучиња скитници кои се шетаат во центарот на градот. Тие се потенцијална опасност за минувачите од кои голем дел се туристи, велат граѓаните.

Од Здружението за заштита на животни „Анималиа“ кажуваат дека тие веќе две години интензивно работата на ублажување на проблемот со кучињата скитници во градв.  Во текот на минатата седмица за прв пат во Охрид започнаа да ја изведуваат програмата за стерилизација и обележување на бездомните кучиња кои поради малиот капацитет на постоечкото прифатилиште за згрижување на бездомни животни, не можат да останат таму долго време. Засега се стерилизирани две кучиња кои се вакцинирани, обележани со маркица на едното уво и веќе се пуштени на слобода. Оваа невладина организација и во иднина ќе ја  применуваат праксата наречена „Залови, Стерилизирај, Вакцинирај, Обележи и Врати на местото на заловување“. Тие напоменуваат дека во случај на дислокација на овие истретирани кученца на депонии или во случај на нивно труење, ќе бараат целосна одговорност од општината Охрид, бидејќи таа е институцијата која треба да придонесе кон целосно почитување и применување на законската регулатива во делот на оваа проблематика.  Досега повеќе пати се обратиле до службите во Локалната на кои им предочиле колкава е сериозноста на проблемот, но не добиле никаков повратен одговор. Претседателот на „Анималиа“ сепак се надева дека многу скоро ќе се пристапи кон решавање на овој проблем и дека ќе се изгради еден современ стационар каде бездомните животни ќе се третираат на хуман и етички начин. Инаку, да потсетиме дека изградбата на стационарот беше еден од проектите во програмата со која Никола Бакрачески се кандидираше за градоначалник на Охрид. Побаравме информација од Локалната до каде е реализацијата на тоа ветување. Но од таму уште еднаш ни беа повторени активностите кои веќе се реализирани и тоа на иницијатива на Здружението за заштита на животни „Анималија“  како што е изградбата на подна површина на прифатилиштето за бездомни животни кај месноста „ Мауцкер“. Беше потенцирано дека редовно помагаат во фаќањето на бездомните кучиња што од „Анималија“ го демантираа и дека секоја среда до прифатилиштето дистрибуираат леб за хранење на животните. Ова е многу малку во однос на тоа што треба да се направи за да се реши овој проблем, велат од здружението за заштита на животните. Од Локалната самоуправа   велат дека планираат  да направат посебна стратегија за решавањето на проблемот со кучињата скитници, без да откриваат повеќе детали што значи тоа.

{loadposition content9}