Skip to main content

КУД Ѓердан го одбележа Денот на сесловнеските просветители Св. Кирил и Методиј

Се одржа панахида за просветителите, а  заарди пандмеијата изостана општо-народната веселба која се одржува традиционално во просториите на некогашната училишна зграда која го носи името Кирил И Методиј. Желба на  фолклористите и кошиштани е  традицијата да продолжи по завршување на пандемијата. 

 |  Валентина Неловска  | 

Културно-уметничкото друштво Ѓердан го одбележа Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Годинава изостана општо-народната веселба која се одржува традиционално во просториите на некогашната училишна зграда која го носи името Кирил И Методиј. 16 години по ред од кога КУД Ѓердан ги користи просториите на ова некогашна училишна зграда од Месната заедница Кошишта играорците овој ден го слават како свој патронат и го одбележуваат богата фолклорна програма. Но, оваа и минатата година, не се одржа народна веселба заради пандемијата. Денес, во присуство на играорци од фолклорното друштво, граѓани и жители од населбата Кошишта се одржа панихида за просветителите со почитување на безбедносните протоколи.

„Ова школо живеело и пак ќе живее. Мене лично ми е задоволство и сакам оваа традиција да продолжи. Јас сум во години и на оние на кои ќе им помагам и ќе работаат сакам овој ден стално да се одбележува. Го честититам денот на сите охриѓани, Македонци, да го славаат и чествуваат, со нив сме Македонци и живееме со нив и нивното слово и одиме напред“.

Дванесетгодишната Марија Христоска, 7 години е дел од КУД Ѓердан, со нетрпение очекува да заврши пандемијата и идната година да го одбележат денот на сесловенските просветители на традиционален начин со фолклорна програма.

„Заради мерките против корона вирусот за жал не можеме ништо да изиграме. Немаме вежбано и не се собираме. Се надевам за брзо се ќе се врати во нормала за  да може повторно да играме. Се надевам дека поскоро ќе продолжиме каде што застанавме со учење на нови ора , чекори и играње“.

Исто така, и Методија Баракоски Менде, раководителот на КУД Ѓердан, кој 5 децении е на чело на КУД  Ѓердан се надева дека традицијата ќе продолжи по завршување на пандемијата и ќе се чествува нивниот патронат Кирил и Методиј со песни и оро.