Skip to main content

КУД Отекс ќе го претстави македонскиот фоклор на меѓународен фестивал во Германија

Фестивалот во Германија се одржува по 53ти пат.

 |  Мишел Наумоски  | 
kud oteks

КУД Отекс од Охрид, фолклорното друштво со 33 годишна традиција со целовечерен концерт ќе го претставува македонскиот фолклор на меѓународниот фолклорен фестивал во Германија.

kud Oteks turneaОвој реномиран фестивал важи за еден од најдобро организираните фестивали, а на него КУД Отекс се претставил веќе четири пати. Денес на дво-неделна турнеја замина помладиот, втор состав на ансамблот кој ќе се претстави со поголем дел од нивните кореографии. Фолклорните ансамбли и културно уметничките друштва се симбол на македонската култура и уметност, но и амбасадори и презентери на македонското фолклорно творештво на сите континенти. Во овие друштва од најмала возраст, кај децата се развива љубовта кон фолклорното творештво, народните обичаи, игри, песни и носии. Ова е благородна мисија, да се негува и зачува од заборав и изчезнување традицијата која претставува основен белег на идентитетот на еден народ. Досега играорците од КУД Отекс патувале на многу турнеи во Америка, Португалија, Шпанија, Холандија, Германија, Данска, Србија, Бугарија. Велат дека сеуште има интерес кај младите за запишување во културно-уметнички друштва, но и дека интересот за жал е опаднат.

Се надеваат дека многу повеќе млади ќе се запишуваат во друштвата за изучување на македонскиот фолклор.