Кујна како во Шератон хотел
Факултетот за Туризам и угостителство ќе набави најсовремени кујнски апарати кои ги има во најлуксузните хотели во светов. Покрај едукација на кадар во современо опремената кујна ќе се развива и кетеринг сервис со кој ќе се направи гастрономска понуда во градов која ќе биде со пристапни цени за клиентите.
Факултетот за Туризам и угостителство ќе добие ултра модерна кујна. 40 000 евра ќе бидат вложени во купување најсовремени апарати со кои таа ќе биде опремена. Овај голем проект ќе се реализира благодарение на соработката која факултетот уште пред четири години ја остварил со факултетот за прехрамбени технологии од Пловдив кој бил член на хотелската асоцијација со седиште во Женева. По на правените контакти и нашиот факултет влегува во оваа асоцијација, а услов за тоа било да организира четири семинари. Тие биле одржани и високо оценети по што фондацијата на факултетот за Туризам и угостителство му доделила врзан или мечинг грант. Тоа значи дека половина од сумата ја плаќа фондацијата, а половина факултетот односно 20 000 евра ќе издвои фондацијата, а 20 000 евра факултетот. Од пред една недела средствата се легнати на жиро сметка на факултетот и сега треба да се распише тендер за набавка на апарати.
Ќе донесеме многу важни и современи парчиња на угостителска опрема како конверторна печка, планетарен миксер, најразлични видови на грил, фрижидер за шок замрзнување што ќе овозможи професионална и висококвалитетна обработка на храната, вели Проф. Д-р Ангела Василевска.
Професорката Василевска кажува дека досега во факултетот се работело во импровизирани услови со застарена опрема, а новите апарати ќе се носат со високите стандарди на современото угостителство. Моментално, вели Василевска во нашите хотелски капацитети нема вака современо опремени кујни. Тие се нестандардни и мали и не соодветствуваат со капацитетот на хотелот.
Нашите студенти кога ќе завршат ќе имаат високи знаења кои ќе одговараат за аплицирање за работа во хотело како што се Хилтон, Шератон, александар палас и др., кажува професорката.
Василевска објаснува дека покрај едукација на кадар во современо опремената кујна ќе се развива и кетеринг сервис со кој ќе се направи гастрономска понуда во градов која ќе биде со пристапни цени за клиентите.
{loadposition content9}