Skip to main content

Денеска во Куќата на Уранија ќе биде отворена XIII Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2025″.

Oваа година конференцијата тематски е фокусирана на „Колективната меморија,политики на меморија и современите идентитети во контекст на локалните, регионалните и глобалните конфликти и сојузи”.
 |  инфодеск  | 
Uranija

Денеска во просториите на Македонската академија на науките и уметностите во „Куќата на Уранија” во Охрид ќе биде отворена XIII Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2025″.

Oваа година конференцијата, ќе се одржува од 17-19 јануари, во два града- Битола и Охрид, а тематски е фокусирана на „Колективната меморија,политики на меморија и современите идентитети во контекст на локалните, регионалните и глобалните конфликти и сојузи”.

На конференцијата ќе бидат презентирани 54 трудови од 68 учесници кои доаѓаат од 14 држави.

Конференцијата е во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS” – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното Наследство од Баку, Азербејџан,  Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција, Институтот за напредни студии од Косзег, Унгарија.