Кој колку пари добива
Средствата за културните манифестации во градов се распределуваат неизбалансирано и несоодветно сметаат опозиционерите. Од Локалната пак тврдат дека сите манифестации имаат подеднаков третман. Кој колку пари ќе добие од општината зависи дали манифестацијата е во целосна организација на Локалната или пак има и други институции кои ги подржуваат.
Културните манифестации во градов немаат подеднаков третман и финансиска подршка од Локалната, смета советничката од редовите на СДСМ, Oливија Пирузева Јанева. Таа истакна дека од буџетот на општината за манифестацијата „Прличеви беседи“ се издвоиле само 10 000 ден, додека пак за манифестацијата „Живко Чинго“ 121 000 ден.
Навистина воопшто неизбалансирана и несоодветна прераспределба на средствата. Дури и за „Поетската ноќ во Велестово“ издвоени се 40 000 ден. За „Бадниковата поворка“ 20 000 ден, а за „Прличевите беседи“ само 10 000 ден. По кој критериум се прави распределбата, прашува Јанева.
Јанева потенцира дека „Прличевите беседи“ заслужуваат многу повеќе средства бидејќи се една од најстарите културни манифестации во градов која е посетена од гости од Охрид, но и од странство. Секретарот на Општината Димитар Спасески со објаснување дека воопшто не се пправи никаква разлика помеѓу културните манифестации кога станува збор за одвојување пари од општинската каса. Кој колку пари ќе добие зависи дали и колку треба општината да се вклучи во таа манифестација.
Кога станува збор за „Прличевите беседи“ ние учествуваме со толкава сума бидејќи таа манифестација е подржана и од други институции кои се во рамките на државниот буџет па тие си ги обезбедуваат потребните средства, а ние само помагаме, а манифестацијата „Живко Чинго“ е целосно во наша организација па затоа за неа издвојуваме и повеќе средства, објаснува секретарот.
Пирузева Јанева имаше забелешка и на парите кои општината ги дава за Охридскиот театар. 100 000 денари според неа се премалку за една ваква институција.
За квалитетна работа на еден професионален театар се потребни многу средства. Бараме театарот да има квалитетен репертоар и да има квалитетни престави а издвојуваме минимални средства, вели Јанева.
Секретарот тврди дека и понатаму ќе го подржуаваат театарот, а и останатите културни манифестации бидејќи тие се одлика на градот и негов препознатлив знак кој треба да се негува.
{loadposition content9}