Македонија има значителен културен капитал, но тој сè уште не се користи и управува доволно ефективно за развој на туризмот, вели проф. д-р Сашо Коруновски, експерт во областа на туризмот. Потребен е систем на уредување и вклопување на културното наследство во туристички производи.
– Во моментот има многу можности коишто не се искористени, тоа сериозно можам да го кажам, затоа што да, ние промовираме, но не правиме сериозни туристички производи базирани на културно наследство , тоа се тие културни рути. Од каде е овај заклучик, генерално оние кружни тури друг ги организира, значи друг го користи културното наследство и го продава културното наследство кое е во Охрид и во Македонија. Ајде да се потрудиме и ние да почнеме да го продаваме нашето културно наследство затоа што профитот во таквите услови , нормално оди кај оној кошто го организира тоа, вели Проф. д-р Сашо Коруновски– ФТУ Охрид.

Коруновски предупредува на важноста на одржливото користење на културното наследство, посочувајќи дека неконтролираниот туризам може да доведе до деградација на локалитетите. Професорот потенцира дека функционалната интеграција на културниот и туристичкиот сектор е клучна за создавање успешни туристички производи.
-Функционалното спојување значи комуникација меѓу нив. И оттука треба да излезат на пазарот, а на пазарот се агенциите, транспортот, сите оние другите коишто се даватели на туристички услуги и кои го продаваат производот. Да видиме пак тие што очекуваат. Кога ќе ги споиме интересите е тогаш културното наследство ќе биде функционално искористено за културен туризам. Дотогаш ќе оди по некој автоматизам и нема до крај да го користиме. И ќе се случуваат елементи или на деградација или уништување и таканатаму, вели професорот Коруноски.

Според Коруновски, развојот на туристички производи базирани на културно наследство може да помогне во регионалната дистрибуција на туристите, односно намалување напритисокот на одреден простор во главната сезонаи промоција на помалку развиените области.
– Значи пуштете го и развијте го целиот регион, не само Охрид и центарот на Охрид. Ајде да го активираме и она културно наследство во околината, по селата каде што имаме извонредни рурални богатства коишто можат да се вклучат во една инвентивна нова туристичка понуда, не онаа класична, вели Коруновски.


Културното наследство, кога ќе почниме да го употребуваме како капитал во туризмот неговата вредност или ќе се зголеми или ќе се намали во зависност од тоа како ќе го уредиме. Македонија може многу да научи од практиките на други земји, прилагодувајќи ги на своите услови.
фото: ТВМ архива