Skip to main content

Од Културолошката иницијатива „5 до 12“ ги разубавија електро-ормарчињата во стариот дел на градот

Зад уметничките решенија стојат Кети Шикоска и Димитриј Спироски, кои со своите цртежи ги претворија овие мали, но забележливи градски елементи во дел од амбиентот.
 |  инфодеск  | 

Со малку боја и уметнички интервенции, дел од старите и оштетени електро-ормарчиња во стариот дел на Охрид добија нов изглед.

Интервенцијата ја реализирала Културолошката иницијатива „5 до 12“, во соработка со ЕВН, во текот на мај и јуни.

Сивите и дотраени ормарчиња сега се украсени со охридски мотиви, пејсажи и препознатливи детали од градот, со што се внесува повеќе боја во амбиентот на стариот дел на Охрид.

Зад цртежите стојат Кети Шикоска и Димитриј Спироски, кои со својата работа внесоа малку повеќе боја и живот во овие мали, но видливи делови од градот.

Од иницијативата велат дека станува збор за мала интервенција, но дека токму ваквите промени можат да придонесат за пoубав и попријатен изглед на градот.