Skip to main content

Се изврши примопредавање на кумството за „Богојавление- Водици“

На свечен начин во црквата Свети Никола- Ѓеракомиија денес се изврши примопредавање на кумството за Богојавление- Водици. Новите кумови  најавија достоинствено и  најмасовно одбележување на големиот верски празник.

 |  Јаковлева Лионела  | 
crkva
црква

Во црквата Свети Никола- Ѓеракомиија денес се изврши примопредавање на кумството за Богојавление- Водици. Новите кумови, градоначалникот Никола Бакрачески и Сашо Симески негов долгогодишен пријател се заблагодарија за укажаната чест. По повод одбележувањето на големиот весрки празник, во недела, најавија вистински спектакл.

Ова е еден од најсвечените моменти во мојот живот. Посебна чест е да се биде кум на оваа манифестација. Многу сум возбуден и задоволен, изјава Никола Бакрачески, овогодинешниот кум на „Богојавление-Водици“.геракомија

Честитки до овогодинешните кумови упати Стојан Ѓорески кој минатата година ја имаше честа да биде кум на оваа манифестацијата

Им посакувам, здравје, благосостојба и берикет на кумовите. Посакувам да им биде кумството благословено и уште еднаш им го честитам, рече Стојан Ѓорески,минатогодишниот кум.

Како што истакна Димитри Пендов, потпредсдателот на здружението Богојавление направено е се за манифестацијата да биде што помасовна.
Годинава се очекува да има најголем интерес за скокање по светиот крст во водите на Охридското езеро. До денес пријавени се околу 300 кандидати а до недела вкупниот број на пријавени се претпоставува дека ќе биде околу 1000.

Уште еднаш апелирам да не се консумира алкохол и да се внимава при скокањето бидејќи беа вршени некои ископувања на дното на езерото па има некои места кои се опасни. Очекувам оваа година празнувањето да биде уште поубаво и посвечено од другпат, рече  Димитри Пендов, потпреседателот на здружението „Богојавление-Водици.“

Градоначалникот Бакрачески ги покани сите охриѓани, но и граѓаните од цела Македонија и пошироко да присуствуваат на осветувањето на водите на езерото. А Охрид овие денови навистина наликува на балкански Ерусалим. Со забрзано темпо се подготвува за големиот настан и за дочек на гостите. Годинава за прв пат на плоштадот и по стариот дел од градот има поставено знаменца на кои е испишано  „Богојавление- Водици“.

{loadposition content9}