Диви депонии во Рамне
Патот кој води до охридскот село Рамне претворен во депонии. Мештаните реагираат надлежните да излезат на терен, да преземат мерки депониите да бидат исчистени а сторителите да ги пронајдат и казнат.
Несовесни граѓани охридското село Рамне го претворија во вистинска депонија. Ниската култура на граѓаните кои своето ѓубре го фрлаат насекаде го нагрдува ова прекрасно село кое од повеќе места е видиковец на прекрасниот Охрид и Охридското Езеро. На неколку места нашата камера регистрира купишта градежен шут, кабаст отпад и друга покуќнина. А имало случаи на дивите депонии да завршат и мрши од животни. Мештаните се крајно револтирани и ги повикаа надлежните да излезат на терен за да видат со каков проблем се соочува оваа месност.
„Секој ден овде се фрла ѓубре а сакаме ние рамненци и охриѓани ова село за туризам секој ден доаѓаат холанѓани, германци, велосипедисти, само ѓубре се фрла и се молат надлежните да дојдат и ова да го исчистат. Апелирам до тие што го фрлаат ѓубрето, ги знаеме кои се и по име и по адреса и регистерски таблички уште еднаш да не фрлаат инаку ќе мора да ги пријавиме и да плаќаат казни“ – велат мештаните.
Ристе Трајчески претседателот на МЗ од Рамне вели дека неколку пати се случува да се исчистат дивите депонии, но истите повторно никнуваат и смета дека треба да се преземат и порадикални мерки кон сторителите. Тој со апел од надлежните.
„Ги молиме институциите кои се задолжени за оваа работа да излезат на терен и да ја согледаат вистинската слика“ – рече Трајчески.
Како ќе се расчистуваат дивите депонии во Рамне, одговор побаравме од Елена Скрческа, директорката на ЈП „Охридски Комуналец“. Таа во телефонски разговор ни појасна дека затоа што селото се наоѓа во рамките на НП „Галичица“ од таму треба да добијат налог, за да го подигнат сметот. Додека пак од НП „Галичица“ не го делат таквото мислење на директорката на комуналното претпријатие. Од таму со став.
„Не можам да се сложам со директорката дека ние треба да дадеме некој налог затоа што ние не сме релевантни. Нашата обврска според Законот за заштита на природата и Законот за НП кажува едно, дека онаму кај што ќе приметиме тртеба да констатираме што е случено односно колку шут и кабаст отпад е одложен на местото тоа го пријавуваме во Локалната самоуправа кај комуналните инспектори истовремено го пријавуваме кај инспекторот за екологија. А понатаму обврската е на Комуналец“ – нагласува Новески.
Новески тврди дека веднаш штом слушнале за проблемот нивни екипи се упатиле таму и ќе направат записник за нарушување на природата и ќе го достават до надлежните органи. Тој нагласи дека имаат одлична соработка со општинскиот комунален инспекторат и кажа дека сторителите во ваквите случаи тешко се откриваат. Новески исто така потенцира дека НП се протега на 25 000 хектари и бесправните дејствија и одлагањето на отпад би се сведило на минимум само доколку се вработат 25 000 ренџери, по еден ренџер на еден хектар, што е невозможно. Паркот има видео мониторинг на места за кои стручните лица сметале дека е потребно. Но по се изгледа тие не се доволни и би требало околу 10 000 камери да се постават за да се има увид во целата состојба, велат од националниот парк.
{loadposition content9}