Skip to main content

Куратица доследна на традицијата

Оваа година по 12-ти пат ќе се одржи Василичарскиот карневал.

 |  Лионала Јаковлева  | 
Манифестацијата за одбележување на Стара Нова година – Василица започнува вечер со изложба на ракотворби  и караоке забава. Утре вечер пак василичарската група ќе тргне од средсело во посета на секое домаќинство. На 14 –ти јануари во 17 часот започнува Василичарскиот карневал. Горан Мицкоски, член на здружението „Св. Василиј“ вели дека карневалот во Куратица освен што е карневал од помал обем има и некои свои специфичности во однос на останатите карневали.


Мицкоски вели дека ваквите настани во голема мера би ја збогатиле туристичката понуда на градот и би овозможиле развој на туризмот во текот на целата година. Тој додава дека зачудува фактот што сеуште не постои интерес кај туристичките работници да ги искористат и материјализираат истите.
Инаку карневалот во Куратица е потпомогнат од поеднци кои донираат материјални средства, храна и пијалоци, но и од Локалната самоуоправа која според Мицкоски има чувство за ваквите настани. Тој во името на сите членови на здружението Св. Василиј ги поканува граѓаните на Охрид, но и гостите да бидат дел од карневалската магија во Куратица.