Skip to main content

Алтернативен туризам

Куратица ќе го развива туризмот во регионот на Плакенска планина

Проект за зголемена економска активност на младите и жените од руралните заедници.
 |  инфодеск  | 
Плакенска планина

Здружението на граѓани Св.Василиј од с. Куратица ќе го реализира проектот „Младите за развој на туризмот во Плакенскиот регион“.

„Општата цел на проектот е зголемена економска активност на младите и жените од руралните заедници, во областа на алтернативниот туризам, а специфичната цел е подобрена и развиена инфраструктура и понуда за развој на туризмот во пределот на плаќенскиот регион. “– велат од здружението.

Вкупниот буџет на проектот е 615 000 денари , односно 90% финансирани од Европската Унија, а 10% учество на апликантот. Спроведувањето на проектот  започна на 01.06.2023 и ќе трае 6 месеци.

Проектот „Младите за развој на туризмот во Плаќенскиот регион“ е финансиран од Европската унија, како под-грант преку проектот „Потпри се на младите“, спроведуван од “Македонска развојна фондација за претпријатија”, „Рурална Коалиција“, „Џуниор Ачивмент“ и „ЕЛИТ- Здружение на жени менаџери Скопје“.