Skip to main content

Претрес

Куршуми за ловечка пушка пронајдени кај охриѓанец

При претрес извршен во домот на 51-годишен охриѓанец, полицијата пронашла 39 куршуми за ловечка пушка кои неовластено ги поседувал.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 23.03.2023 во 15:50 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, со наредба од Основен суд Охрид, извршија претрес во дом и други помошни простории кај А.М.(51) од Охрид.

При претресот беа пронајдени и одземени 39 куршуми за ловечка пушка калибар 16 милиметри, кои неовластено ги поседувал. Со лицето извршен е службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.