Skip to main content

Кузески: ВМРО- ДПМНЕ да даде отчет за 7 те милиони евра за изградба на болницата

За ДПМНЕ беа поважни провизиите за изградба на новата болница и ангажманот на нивните партиски фирми, отколку здравјето на охриѓани, обвинија на денешната прес конференција охридските социјалдемократи.

 |  Николоска Биљана  | 
sdsm
сдсм

СДСМ на денешната прес конференција, од ВМРО – ДПМНЕ побара отчет за потрошените 7 милиони евра, народнни пари за реконструкција на општа болница Охрид. Гласноговорникот на СДСМ Александар Кузески нагласи дека охриѓани не можат да заборават на три годишната голгота, без секундарната здравствена заштита, кога се мачеле да добијат здравствени услуги од другите градови, посебно од областа на гинекологијата, анестезија, урологија и др. Тој запраша: kuzeskiДо кога лекарите и останатиот медицински персонал, кои стручно и совесно си ја вршат својата работа ќе бидат маргинализирани и ставани во втор план од страна на неспособниот менаџмент на охридската општа болница?! До кога пациентите и здравствените работници во Охрид ќе страдаат само поради политичките амбиции на неколку лекари, кои никако не и даваат одговори на јавноста за лесно потрошените народни пари во охридската општа болница?!

„ Вкупната инвестиција, како што тогаш известија сите медиуми, чинела 260 милиони денари, или 4,2 милиони евра. Тоа значи дека во опрема за болницата би требало да се инвестирани 1 милион евра, а таква опрема никој не виде. Меѓутоа, да е трагедијата уште поголема, пред 10 дена кандидатите за пратеници од ДПМНЕ, а воедно и менаџери на болницата, со невидена ароганција и леснотија изјавија пред медиумите дека за реконструираната болница целиот проект чинел 7 милиони евра?! Нека и објаснат сега на јавноста одговорните лица во охридската болница, што е тоа што е направено и која е таа опрема што е набавена за 3,8 милиони евра?! Каде се наоѓа таа опрема?! Кој и како ја користи таа опрема?! Во чии џебови завршија парите од народот?! Дали некој ќе понесе одговорност за тоа?“-прашува Кузески.

{loadposition content9}